ПОМАЛА НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА - ПОДОБРА Е-ТРГОВИЈА

Во овој модул преку низа на активности и кампањи директно ќе влијаеме кон намалување на сивата економија во е-трговијата.

Како да проверите дали некој е регистриран е-трговец?

Информирајте се!

Секогаш детално читајте ги рецензиите (reviews), коментари од други корисници и оцена на искуства.

Политика на рефундација

Проверете дали е-продавачот јавно го има истакнато името на правниот назив, адресата и останатите контакт детали, дали има истакнато политика на рефундација на производите, политика на приватност, услови за користење итн…

Верификуван е-трговец

Проверете ја листата на е-трговци кои поседуваат „беџ за верификуван е-трговец”.

Регистрирани е-трговци

Проверете ја листата на е-трговци регистрирани во една од петте банки кои нудат е-трговија во С.Македонија.