Зошто не треба да ја поддржуваш сивата економија во е-трговијата?
Ги нарушува работничките права
Сивата економија ги нарушува правата на работно ангажирните луѓе, бидејќи за нив не се исплаќаат никакви придонеси. Истите не се осигурани и во иднина нема да имаат право на финансиски надомест – пензија.
Штетна за сите граѓани
Сивата економија го намалува квалитетот на јавните услуги, односно средствата што се двојат за нив, поради намалениот прилив на даноци. Оттаму, со учество во сивата економија се прави непроценлива штета на позитивниот развој на општеството и се придонесува за понеквалитетен живот на сите граѓани.
Без гаранција
Граѓаните кои купуваат од нерегистрирани е-трговци немаат никаква гаранција дека стоката е медицински или технички точна и немаат никаква заштита во рамки на законот за заштита на потрошувачи во случај да не се задоволни од испорачаниот производ или услуга и сакаат да направат целосна или делумна рефундација на средствата.
Нелојална конкуренција
Е-трговците кои ги избегнуваат своите даночни обврски, скриени од законите и од инспекциска контрола, претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници и директно придонесуваат за зголемување на сивата економија.