За платформата

Оваа веб платформа има за цел на детален, лесно разбирлив и интерактивен начин да им ги овозможи на сите потенцијални, но и на постоечките е-трговци, потребните информации за започнување и водење на е-продавница од клучните аспекти во синџирот на е-трговијата: регулатива, испорака и плаќање. 

Покрај ова, оваа платформа директно ќе промовира успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе помогне во справување со сивата економија во е-трговијата и транспарентно ќе ги прикаже сите сертифицирани е-трговци кои ги исполнуваат сите услови според регулативата во нашата држава. 

Платформата ќе содржи пет модули кои ќе се градат и промовираат одделно во различни фази на проектот. Секој од модулите ќе претставува различна релевантна тема, која ќе биде прикажана на лесно разбирлив начин за секој. Петте модули се произлезени како одговор на предизвиците на пазарот мапирани од деловниот сектор и владините институции, и истите ќе ги опфатат следниве пет теми: 

  1. Регулатива
  2. Е-плаќање 
  3. Испорака 
  4. Сива економија
  5. Успешни приказни

Веб платформата е дел од иницијативата „E-commerce for All”, која се реализира со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.