Услови за користење

Почитувани корисници,

Пред да започнете да ја користите оваа платформа, Ве молиме внимателно да ги прочитате наведените услови за нејзино користење. Секоја посета на оваа веб платформа значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во согласност со истите. Доколку условите се неприфатливи за Вас, Ве молиме да не ја користите оваа платформа.

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Асоцијација за е-трговија на Македонија, АЕТМ Скопје
Адреса: Лермонтова бр.3/6, 1000 Скопје
Тел: +389 78 58 44 48
email: info@ecommerce.mk
WEB: www.ecommerce.mk
Шифра на дејност: 94.99 – Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати на друго место

Асоцијација за е-трговија на Македонија ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб платформа eCommerce4all во согласност со долунаведените услови за користење. Овие услови се применуваат на сите содржини на веб платформата ecommerce4all.mk.

1. Општи одредби

Асоцијација за е-трговија на Македонија ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Асоцијација за е-трговија на Македонија е строго забрането. Прекршување на општите условите за користење можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Асоцијација за е-трговија на Македонија може да ги промени овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. При користење на оваа платформа, не заборавајте да ја посетувате оваа страница за да ги прегледате актуелните услови кои се обрзувачки за Вас како корисник. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

2. За регистрирање за користење на платформата eCommerce4all корисникот ги споделува следниве податоци:

  • Вашето име
  • Вашето презиме
  • Вашата компанија
  • Вашиот вебсајт
  • Вашиот телефонски број
  • Вашиот е-маил
  • Избрано корисничко име 
  • Избрана лозинка

3. За вашиот кориснички профил

Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избршете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Асоцијација за е-трговија на Македонија нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлезе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите средства кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци. 

Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови за користење може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашата веб платформа, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на истата. 

4. Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

5. Пристап до сајтот

Асоцијација за е-трговија на Македонија го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на АЕТМ, и АЕТМ не е одговорна за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на АЕТМ е оваа веб платформа да биде достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, платформата може да е недостапна од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на АЕТМ, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.

Асоцијација за е-трговија на Македонија има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.