ИСПОРАКА - СЕКОГАШ МОЖЕ ПОВЕЌЕ

Доставата е клучна за развој на еден бизнис во областа на е-трговијата, па токму поради тоа овој модул ќе ви ги прикаже сите услови и можности кои ги нудат компаниите за испорака во Република Северна Македонија. Покрај тоа, детално ќе ве запознаеме со процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

 
Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаните има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките.

Токму затоа, целта на овој модул е на едно место да ги прикаже сите курирски компании во Северна Македонија, каде транспарентно ќе се прикажат ценовниците и можностите за испорака на пратки што ги нудат, што ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти. Дополнително, преку овој модул, а во соработка со Царинската управа на Република Северна Македонија, детално ќе ве запознаеме со процесите на увоз и извоз при купување преку интернет.

На оваа платформа, потрошувачите и онлајн трговците ќе имаат можност да ги проверат цените и да ги бараат најдобрите услови за курирските услуги.


Партнер во изработка на овој модул:

Царинска управа на Република Северна Македонија