Опис и значење на беџот за верификација

Потребата за зголемување на довербата во онлајн продавниците од една страна, но и потребата за зголемување на свеста кај купувачите и правење разлика помеѓу регистрирани е-трговци и нерегистрирани субјекти кои учествуваат во онлајн продажбата (како дел од сивата економија) и претставуваат нелојална конкуренција за регистрираните е-продавници, станува се поголема во време кога е-трговијата е во подем и луѓето сѐ повеќе се охрабруваат да купуваат онлајн.

Со цел да се доближат до граѓаните онлајн продавниците кои ги исполнуваат неопходните регулативи и правила за работење во е-трговијата и да се мотивираат постоечките е-трговци да ги имплементираат во своето работење, AETM воведува „Беџ за верификуван е-трговец”, кој ќе овозможи јасна дистинкција на онлајн продавниците кои се регистрирани субјекти и ги исполнуваат основните законски услови по наоѓање на АЕТМ и согласно правилата предвидени со овој Правилник од останатите онлајн продавници кои не ги исполнуваат основните законски услови или пак воопшто не се регистрирани и се дел од сивата економија.

Беџот е визуелна ознака која ќе биде поставена на веб страниците на домашните е-продавници, која ќе им помогне на купувачите полесно да проценат дека станува збор за регистриран правен субјект кој во периодот на проверка пред издавање на беџот за верификација ги исполнува основните законски услови за обавување на дејноста е-трговија согласно правилата предвидени со овој Правилник.

Беџот ќе биде поставен само кај е-трговците кои самостојно ќе аплицираат за ваков беџ за верификација, а во исто време ги поминале соодветните проверки од АЕТМ за неопходни регулативи и обврски за работењето во е-трговијата.

Бенефити од користење на беџ

Бенефити за е-трговците:

  • Вашата е-продавница е дел од листата на верификувани е-трговци од АЕТМ
  • Зголемување на посетите на Вашата веб продавница преку промотивните активности на АЕТМ за листата на верификувани е-трговци
  • Зголемена доверба кај постојните и нови купувачи
  • Зголемена препознатливост и доверба во Вашата продавница

Бенефити за купувачите:

  • Зголемена доверба при купување од верифициран е-трговец
  • Сигурност дека е-трговецот е регистриран правен субјект
  • Сигурност дека е-трговецот има политика за враќање на производите и купувачот има заштита согласно Законот за заштита на потрошувачи

Беџот за верификуван е-трговец не гарантира квалитет на утврдена политика за враќање на производите, ниту следење на субјектите во прометот при реализација на нивните обврски и остварување на права, како и потребата да се следат измените на правните прописи и усогласувањето со истите.

Беџот за верификуван е-трговец гарантира дека се работи за регистрирано правно лице согласно законските прописи на РСМ.

Како до беџ на мојата веб продавница?

За да се дојде до беџ, секој е-трговец треба да пополни краток онлајн прашалник во кој одговара дали ги исполнува основните законски услови за работење во е-трговија. Одговорите од прашалникот кога ќе бидат доставени до АЕТМ се спроведува постапка на проверка од страна на АЕТМ согласно правилата предвидени со овој Правилник.

Доколку е-трговецот е регистриран правен субјект и ги задоволува основните законски услови е-трговецот ќе може да се стекне со беџ за верификација и ќе му биде испратен беџот за поставување на неговата веб продавница.

Во спротивно, до е-трговецот ќе се испратат корективни насоки кои доколку ги исполни во рок од еден месец, ќе може да се стекне со беџот.

Е-трговецот има право да го промовира беџот пред своите потрошувачи, со цел зголемување на довербата во неговиот бренд.

АЕТМ прави формална проверка на веб страницата, односно дали е-трговецот ги поседува потребните основни законски услови за обавување на дејноста, без да го цени квалитетот односно дали содржината на истите е соодветна, ги задоволува сите пропишани норми и се почитува од страна на е-трговецот кон крајните корисници.

Напомена:Почнувајќи од 01.01.2022 година годишниот надоместок за стекнување и обнова на Беџ за верификуван е-трговец, изнесува:

ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ ЧЛЕН НА АЕТМ

  • Обновување/продолжување на важноста на беџ за верификуван е-трговец: Без надомест
  • Стекнување со Беџ за верификуван е-трговец (при поднесување апликација за прв пат): 50 евра

ЗА ПРАВНО ЛИЦЕ КОЕ НЕ Е ЧЛЕН НА АЕТМ

  • Обновување/продолжување на важноста на беџ за верификуван е-трговец: 100 евра
  • Стекнување со Беџ за верификуван е-трговец (при поднесување апликација за прв пат): 150 евра
Прикажаните цени во евра се пресметуваат во денарска противвредност по среден курс од НБРСМ + 18% ДДВ на денот на издавање на фактурата.

Аплицирај

    Регулатива и општи информации

    Дали единствениот даночен број на Вашата компанија е поставен јавно на веб страницата на вашата е-продавница?


    Дали имате поставено контакт информации односно седиште/адреса/email адреса на веб страницата на вашата е-продавница?


    Дали на вашата е-продавница има поставено Политика за приватност и заштита на лични податоци достапна за информирање на корисниците?


    Дали на вашата е-продавница има поставено поставени Услови за користење?


    Дали вашата е-продавница има поставено Политика за користење на колачиња (cookies)?

    (Колачињата се мали текстуални датотеки кои се запишуваат при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт итн.)


    Дали во делот за регистрација на корисниците ги имате јасно поставено одделните Политики (без однапред штиклирани checkbox) со кои купувачот треба да се согласи?


    Дали вашата е-продавница има SSL сертификат (https) во URL-то на вашата веб продавница т.е. во веб адресата на вашата веб продавница?


    Дали продавате и доставувате физички производи до купувачите?

    Достава

    Дали на вашата веб страница се јавно објавени сите трошоци на кои подлежи купувачот, вклучувајќи ги трошоците за доставата на производите?


    Дали на вашата веб страница е јавно објавен рокот на испораката на производите?


    Дали на вашата веб страница се јавно објавени начините за подигнување/ достава на производите?


    Дали вашата е-продавница има јавно објавено Политика за враќање на производите?


    Дали купувачите имаат можност да направат лесно корекција на податоците за испорака?

    Е-плаќање

    Дали вашата е-продавница прифаќа плаќање со платежна картичка?


    Дали на вашата е-продавница се истакнати картичните организации со кои може да се врши е-плаќање?


    Дали на вашата веб страница се јасно истакнати цените на производите /услугите кои се нудат (со вклучени даноци или други трошоци)?


    Дали купувачот добива потврда на неговата email адреса за направена онлајн нарачка?


    Дали вашата потврдата за прием на нарачка ги содржи сите следни информации:

    • Број на нарачка
    • Датум
    • Информации за продавачот (назив, адреса, контакт)
    • Назив на купениот производ/услуга
    • Наплатената цена


    Листа на е-трговци

    Погледни ја комплетната листа на верификувани е-трговци тука.