Регулатива во е-трговија

Преку овој модул ќе може да ја запознаете потребната регулатива која е клучен дел за успешно управување со бизнис во областа на е-трговија.

Општи информации за е-трговијата

ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА - ОСНОВНА ДЕФИНИЦИЈА

Електронската трговија или позната како е-трговија е процес на купување, продавање, пренос или размена на производи, услуги или информации преку Интернет.

 

Првиот термин „електронска“ се однесува на средството (медиумот) преку кој се извршува дејствието и подразбира користење на интернетот како медиум, односно вклучува само трансакции кои се спроведуваат онлајн. Затоа се нарекува и интернет трговија.


Вториот термин „трговија“ се однесува на дејствието (трансакцијата) кое се спроведува преку одредено електронско средство.


Индиректната електронска трговија подразбира електронско нарачување (купување) на стоки кои имаат материјална форма, мора да бидат физички доставени и кои зависат од бројни надворешни фактори, како што се транспортниот систем и поштенски услуги.


Директна електронска трговија подразбира електронско нарачување, плаќање и доставување на нематеријални (недопирливи, дигитални) стоки и услуги, како што се на пример компјутерските програми или забавните содржини (музика, филм, книга).

ОСНОВНИ ТЕРМИНИ ВО Е-ТРГОВИЈАТА ОД ЗАКОН ЗА Е-ТРГОВИЈА

УСЛУГИ НА ИНФОРМАТИЧКО ОПШТЕСТВО

се услуги што се обезбедуваат за надомест на далечина, преку електронски средства и на лично барање на примателот на услугата.

ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ

е домашно и странско физичко или правно лице кое дава услуги на информатичко општество;

ПРИМАТЕЛ НА УСЛУГИ

е секое физичко или правно лице кое од професионални или од други причини користи услуги на информатичкото општество, со цел да побара информација или истата да ја направи достапна;

ПОТРОШУВАЧ

е секое физичко лице кое користи услуги на информатичко општество за цели надвор од неговaтa трговскa дејност или професија;

РЕГУЛИРАНИ ПРОФЕСИИ

се оние професии, односно професионални дејности за кои условите за вршење се утврдени со закон;

ЕЛЕКТРОНСКИ ПОТПИС

е низа на податоци во електронски облик кои се содржани или се логично поврзани со други податоци во електронски облик и е наменет за утврдување на автентичност на податоците и за утврдување на идентитетот на потписникот;

КОМЕРЦИЈАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

е форма на комуникација креирана со цел директно или индиректно да промовира прозводи, услуги или углед на трговското друштво или на лице кое врши трговска или занаетчиска дејност.

ДОГОВОРИ ВО ЕЛЕКТРОНСКИ ОБЛИК

се договори кои правните или физичките лица, во целост или делумно, ги склучуваат, праќаат, примаат, раскинуваат, откажуваат, пристапуваат кон нив и ги прикажуваат по електронски пат, користејќи електронски, оптички или слични средства, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пренесување преку интернет;

ОСНОВАН ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ

е давател на услуги кој врши економска активност преку основање трговско друштво на неопределено време, при што присуството и употребата на технички средства и на технологии потребни за давање на услугата, самите по себе, не претставуваат основање на давателот на услугата.

КООРДИНИРАНА ОБЛАСТ

се барања утврдени во правниот систем на земјите членки на Европската унија кои се однесуваат на давателите на услуги на информатичкото општество или на услугите на информатичкото општество, без разлика дали имаат општа природа или се специјално креирани за нив.

СОПСТВЕНА ВЕБ ПРОДАВНИЦА

-Изработена на платформа со отворен код (open source) како што е WordPress, Magento и слично или пак „направи сам” платформи кои ви овоможуваат без техничко предзнаење да направите сопствена веб продавница која прима плаќања од кредитни и дебитни картички

-Прилагодено (custom) софтверско решение согласно вашите потреби, која е поквалитетна, но и поскапа опција.

ОНЛАЈН ПАЗАР – МАРКЕТПЛЕЈС

Под онлајн пазари се подразбира една заедничка веб платформа за е-трговија на која повеќе независни продавачи ги продаваат своите производи. Постојат неколку видови на пазар, најчести се општиот пазар и пазарот на аукција. Најпопуларниот генерален пазар е Amazon.com, а најпознатиот пазар на аукција е eBay. Додека малопродавачите на „Амазон“ продаваат сè, од игли до локомотиви, eBay.com има поголема веројатност да привлече продавачи кои, покрај потрошувачките производи, нудат и ретки производи и антиквитети на колекционерите. Останати примери за интернационално познати онлајн пазари се:, Etsy, Aliexpress итн.

ОНЛАЈН ОГЛАСНИК

Онлајн огласник е веб-страница на која приватни и деловни корисници имаат можност да постауваат огласи за продажба на некој производ, за кој најчесто наплаќаат при превземање.

Директната продажба без верификација и контрола е доблест и најголем недостаток на оваа платформа, бидејќи не постои можност да се провери продавачот или купувачот на производите.

DROPSHIPPING (ПРОДАЖБА БЕЗ ЗАЛИХА)

Dropshipping е форма на малопродажба во која е-трговецот нема производи на залиха, односно прави нарачки од добавувач/производител кој ги доставува директно до клиентот – само откако клиентот ќе ја заврши нарачката. Ова овозможува секој dropshipper да отвори своја веб-продавниц без значителен почетен капитал.

Најголемите недостатоци на овој тип на онлајн треговија се многу ниските продажни маржи и конкурентниот пазар, со мала (или никаква) контрола над квалитетот на испорачаната стока.

ПРОДАЖБА ПРЕКУ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Социјалните мрежи, особено Фејсбук и Инстаграм, нудат можност за продажба на производи преку Facebook Store или Instashop. Станува збор за можноста за поврзување веб-продавница и социјалните мрежи, што е добра стратегија за мулти-канална продажба.

Иако е технички можно да се продава производ исклучиво преку социјални мрежи, тоа никако не се препорачува за бизнисите, бидејќи не ги исполнува основните законски услови за продажба преку интернет во Република Северна Македонија.

Во Република Северна Македонија постои законска регулатива која ја регулира е-трговијата. Најзначајни закони во е-трговијата можат да се разгледаат или превземат во делот на закони или да се разгледаат во продолжение. Сите овие законски регулативи се според последните измени во „Службен весник“.


Доколку сакате повеќе информации, преземете го целосниот прирачник за е-трговија.

Преземи
Оваа веб-страница е подготвена со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржините на веб-страницата им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.