РЕГУЛАТИВА ВО Е-ТРГОВИЈА - ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ?

Преку овој модул ќе може да ја запознаете потребната регулатива која е клучен дел за успешно управување со бизнис во областа на е-трговија.

 

Модулот 1 од оваа веб платформа се однесува на регулативата во е-трговија. Овој модул ги содржи законите поврзани со основање и водење е-бизнис: законот за е-трговија, законот за трговија, законот за електронски комуникации, законот за заштита на потрошувачи и кривичниот законик, како и сите други потребни информации за легално започнување со работа на своја продавница за е-трговија

Во овој модул ќе можете да го погледнете веб прирачникот кој на интерактивен начин прикажува како да основате компанија за е-трговија, како да продавате во земјата и надвор, како да ги заштитите потрошувачите и кои закони се поврзани со основање и водење на бизнис со е-трговија. 

Модулот 1 се состои од:

  • Веб прирачници кои ја објаснуваат регулативата во е-трговијата
  • Речник на термини во е-трговијата
  • Закони кои влијаат и се потребни при работењето во е-трговија
  • Документи и ресурси кои ќе им послужат на сите потенцијални и постоечки е-трговци при работата