Вредност на е-трансакции, 2016-2019
Споредбен приказ кој се однесува на вредноста на е-трансакциите реализирани кон домашни, односно странски е-трговци за последните 4 (четири) години, започнувајќи од 2016-та година и заклучно со 2019-та година. Преку овој дијаграм имате можност да се информирате како се движи износот на реализирани е-трансакции по години, а воедно и да го следите поединечно учеството на трансакциите кон домашните е-трговци во однос на странските.
Раст на вредноста на е-трансакции, 2016-2019
Анализа на вкупната вредност на е-трансакции во периодот од 2016-та година, заклучно со 2019-та година. Анализирајте со која динамика расте е-трговијат во последните 4 (четири) години во апсолутен износ.
Број на е-трансакции, 2016-2019
Бројот на е-трансакции расте, односно се движи заедно со вкупната вредност на онлајн плаќања. Притоа, од дијаграмот може да се утврди дека побрзиот раст на онлајн плаќања кон домашни е-продавници, во однос на плаќањата кон странски е-продавници се должи пред се на зголемената понуда онлајн од домашните компании, како и поради промената на навиките на домашните купувачи кои се повеќе се насочуваат кон онлајн трговијата.
Раст на бројот на е-трансакции, 2016-2019
Споредбен приказ на растот на бројот на е-трансакции во периодот од 2016-та до 2019-та година. Очигледен е големиот раст на бројот на е-трансакции во земјава, особено во последните две години (2018-та и 2019-та).
Бројот на регистрирани е-трговци, 2016-2019
* Податоците за 2017 се ревидирани во март 2019 год.
Понудата на производи и услуги онлајн, од страна на компании регистрирани во Северна Македонија е во постојан пораст. Кон тоа доволно говори фактот дека бројот на официјални е-продавници на територијата на земјава е во постојан пораст во последните четири години, со што на крајот на 2019-та година вкупниот број на активни е-продавници изнесува 1.020.
Број на издадени платежни картички, 2016-2019
За да расте е-трговијата, неопходно е да има пораст и во бројот на активни платежни картички издадени од една од банките, односно картичните организации во земјава. Бројот на активни платежни картички ни го покажува потенцијалниот пазар за е-трговија имајќи предвид дека секоја активна платежна картичка претставува потенцијален онлајн купувач. Со порастот на бројот на активни платежни картички, можеме да очекуваме и дополнителен раст на бројот и вредноста на е-трансакциите.
Просечна вредност на е-трансакција, 2016-2019
Вредноста на трансакциите игра важна улога при одлучувањето кои производи и услуги можат да се понудат онлајн, имајќи ја предвид просечната вредноста на трансакциите во е-трговијата во изминатите години, засебно за физички лица, правни лица и како вкупен износ. Просечниот износ на е-трансакцијата во земјава е константен кога се во прашање физичките лица, додека кај правните лица е во постојан пораст.