Регулатива во е-трговија
Преку овој модул ќе може да ја запознаете потребната регулатива која е клучен дел за успешно управување со бизнис во областа на е-трговија.
Што треба да знае секој е-трговец?
-
УСЛОВИ
Кои треба да ги исполни еден е-трговец -
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
поставени јасно на вашата веб страна -
Информации за производите
и услугите кои се продаваат -
ПРИ ПРОМОЦИЈА
на производи и услуги -
Нарачка и потврда
за прием на нарачка -
важност и форма
на договорите -
Продажни услови
и политика за враќање
Какви услови треба да исполнува интернет трговецот?
За еден е-трговец да ја обавува својата работа и притоа соодветно да ги исплнува условите, важно е да знае дека:
Без физичка продавница
Е-трговецот може, но не мора да има физичка продавница за да фунцкионира.
Работа само преку интернет
Може да работи исклучително само преку интернет.
Не е потребно сменско работење
Може да се работи со вработено едно лице 24/7 бидејќи процесите се автоматизирани.
Не треба фискална апаратура
Доколку плаќањата се вршат преку интернет, е-трговецот не е должен да поседува фискална апаратура.
Информации кои треба да ги имате јасно поставено на вашата веб страна (најчество во футерот на страната):
*Согласно член 7 став (1) (Информирање и комерцијална комуникација)
-
Име/назив на давателот на услугата
Ако се работи за онлајн посредник назив на фирмата и назив и седиште на давателот на услугата или продавачот на производот
-
Седиште/адреса
Контакт податоци (email адреса)
-
Трговски регистар во кој е внесен трговецот
Ако е туристичка агенција да го има наведено бројот на лиценцата
-
Податоци од надлежниот орган
доколку давателот на услугата подлежи на обврска за издавање на лиценци или друг вид на одобренија
-
Даночен број
(ако е-трговецот е ДДВ обврзник)
Покрај овие информации давателот на услуги на информатичко општество кој врши регулирана професија е должен да ги направи достапни и следниве информации:
*Согласно член 7 став (2) (Информирање и комерцијална комуникација)
-
Податоци за институцијата кај која е регистриран давателот на услугата
-
Професионалниот назив и земјата во која е стекнат тој назив
-
Упатување на професионалните правила во земјата во која ја врши дејноста и начинот на пристап до нив
Онлајн продавачот е должен на прегледен и јасен начин да ги истакне следните информации:
*Согласно член 7 став (3) (Информирање и комерцијална комуникација)
Цена на производот/услугата
Јасно истакната (недвосмислено) цена на производот-услугата која се нуди (со вклучени даноци или други трошоци)
Трошоци
Објавени сите трошоци на кои подлежи купувачот, вклучувајќи ги трошоците за доставата/испораката
Дополнителни трошоци
Секогаш е важно купувачот да биде информиран и за други дополнителни трошоци кои треба да бидат јасно наведени
Кога промовирате ваши производи и услуги:
*Комерцијална комуникација и небарана комерцијална комуникација (Член 8 и Член 9)
Компаниите може да испраќаат комерцијални пораки кон потенцијалните или постојните купувачи кои ги оставиле своите контакт податоци и се согласиле да добиваат промотивни пораки. Така на пример кога компанија испраќа email со понуди за производи и услуги до крајните купувачи согласно Член 8 потребно е да се запазат следните информации:
- Да може да се идентифукува од пораката дека се работи за комерцијална комуникација
- Да може да се идентификува испраќачот во чие име се прави комерцијалната комуникација (пракса е во секоја испратена email порака најдолу во футерот на пораката да се содржани:
- Името/називот на испраќачот
- Адресата
- Email адресата на која примачот може да стапи во контакт со испраќачот
- Можност за примачот да може да се одјави (отчлени) од добивање на промотивни пораки во иднина
Важно: Согласно член 9 за небарана комерцијална комуникација, испраќачот смее да испраќа промотивни пораки само со претходна согласност на примателот (во согласност со Законот за електронски комуникации).
Нарачка и потврда за прием на нарачка
Секое купување е договор меѓу трговецот и купувачот. Основни елементи на договорот се: цена, извршување на услуга или предавање на определена стока.
Нарачка:
Согласно Член 13 важат следните правила (освен ако се работи за вршење на нарачка исклучиво со користење на електронска пошта или друга форма на лична комуникација):
- При вршење на нарачка купувачот треба да може лесно да ги види податоците и да направи корекција по потреба
- на јасен начин да е прикажаца цената со сите вклучени даноци
- Ако има трошоци за испораката да бидат јасно наведени
- Купувачот да може да направи лесно корекција на податоците за испорака (доколку е вклучена испорака)
Потврда за прием на нарачка:
Нарачката и потврдата за прием се сметаат за примени кога истите им се достапни на страните до кои се адресирани. Нарачката треба исто така да биде јасна и недвосмислена и да ги содржи информациите за извршената нарачка.
Потврдата за прием на нарачка се испраќа на email и треба да содржи:
- Број на нарачка
- Датум
- Информации за продавачот (назив, адреса, контакт)
- Назив на купениот производ/услуга
- Наплатената цена јасно и недвосмислено прикажана
- Ако се работи за онлајн посредник потребно е да ги има податоците и за онлајн посредникот (најчесто во футерот на email пораката)
Согласно Член 20:
Е-трговецот не одговара за грешно внесени податоци на купувачот како и за содржината на информациите кои ги складира ако не знаел дека има нелeгaлно поврзано дејство со истото.
Ако забележи или дознае за нелегално дејство треба да го забрани пристапот до истите информации.
Каква треба да е формата и важност на договорите во електронски облик?
Понудата и прифаќањето на понудата можат да се даваат по електронски пат, односно во електронски облик.
Договорите можат да се склучат по електронски пат, односно во електронски облик.
Договорот во електронски облик се смета за склучен во оној момент кога понудувачот ќе ја прими електронската порака која содржи изјава на примателот дека ја прифаќа содржината на договорот.
Според Законот за заштита на потрошувачи, е-трговецот треба да биде информиран за:
*Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник бр.38/2004 со измените)- последно изменет 2015 година
Истакнати информации
Секој е-трговец на својата веб страна треба да ги има истакнато:
- Условите за продавање (или именувано како Услови за купување)
- Политика за враќање на производите
- Формулар за повлекување или враќање на купен производ/услуга
Враќање на производи
Политиката за враќање на производите треба да дозволи купувачот да го врати производот во рок од 15 дена по купувањето ако истиот не е користен, оштетен или отворен. При онлајн купувањето купувачот го остварува ова право со приложување на доказ за купувањето, односо потврдата за нарачка од е-трговецот.
Право на повлекување
Право на повлекување при купувањето на далечина (онлајн купување) предвидува дека потрошувачот во рок од 14 дена има право да поднесе барање за повлекување
- Ако се работи за услуга од денот на извршеното плаќање (склучување договор)
- Ако се работи за производ – од денот на приемот на стоката
- По известување дека сака повлекување, потрошувачот треба да го достави или испрати производот до продавачот (освен ако трговецот не понудил да го земе). Потрошувачот треба да го испрати производот во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето.
обврска на трговецот
Трговецот има обврска во рок 14 дена од добивање на барањето да постапи и да ги врати средставата на купувачот минус евентуалните трошоци за испорака.
Исклучоци
Исклучоци од членот за правото на повлекување содржи Член 96 во кој е дефинирано што не подлежи на враќање како: дигитални книги, весници, списанија, аудио содржини и сл.
Криењето информации штети
Право на потрошувачот е да биде информиран за условите.
Истакнете ги продажните услови на вашите веб страни!
Информирајте се за законите кои се апликативни на производот/услугата која ја нудите онлајн
Информирајте се за законите кои се апликативни на произвдот/услугата која ја нудите онлајн
Наша препорака
Во новиот дигитален транспарентен свет купувачот е помоќен од кога и да било. За доброто на вашиот бизнис и негов раст практикувајте морално однесување и бидете коректни со вашите потрошувачи. Тоа се луѓе кои ви ја дале довербата и за кои треба да се грижите. Незадоволниот купувач ќе го рашири лошиот глас многу повеќе од добриот. Најдобрата маркетинг тактика е грижата.
Ви посакуваме успешно работење и напредок.