Успешни приказни во е-трговија - И ОД ДОМА СЕ МОЖЕ!
Прикажување на успешни приказни од областа на е-трговијата се со цел да мотивираме и охрабриме што повеќе ММСП да се приклучат во е-трговијата.
Колку поголема понуда, толку подобри услови во е-трговијата. Едукацијата за дигитални услуги е длабоко врзана со понудата на пазарот. Така со промовирање на успешни приказни од областа на е-трговијата, ќе мотивираме и охрабриме што повеќе бизниси да се префрлат и отворат нов продажен канал во областа на е-трговијата, како директно би влијаеле и на зголемување на понудата. Преку промоција на успешните македонски приказни во е-трговијата, ќе прикажеме дека „и од тука се може“, и дека со е-трговија вашиот потенцијален пазар е целиот свет, а ќе ги прикажеме и решенијата на најчестите проблеми со кои се соочувале најискусните во областа.
Успешна приказна #1: Paket.mk
Погледнете ја првата успешна приказна посветена на Paket.mk – онлајн супермаркет основан во 2018 година кој денес брои 26 вработени, повеќе од 20.000 корисници, пазарен удел од над 50% и повеќе од 1 милион евра годишни приходи.
Успешна приказна #2: Mitra.mk
Погледнете ја втората успешна приказна посветена на Mitra.mk – онлајн шопинг платформа за мода и животен стил, основана непосредно пред почетокот на пандемијата. За идејата, почетоците, предизвиците кои ги донесе пандемијата и успешното функционирање разговаравме со Александра – идејниот творец на Митра.
Успешна приказна #3: Fitkit.app
Погледнете ја третата успешна приказна посветена на= #FitKit – мобилна апликација која успеа да ја дигитализира фитнес заедницата и да понуди многу можности, како за корисниците, така и за фитнес центрите. За инспирацијата, предизвиците и справувањето со глобалната пандемија разговаравме со Јосиф Дамјанов, ко-основач на апликацијата.
Успешна приказна #4: Kliknijadi.mk
Погледнете ја четвртата успешна приказна посветена на Кликни Јади – компанија која започна со еден компјутер и двајца доставувачи во 2015, а сега е најголемата онлајн платформа за достава на храна во нашата земја. За растот, развојот и справувањето со предизвиците на пазарот за е-трговија зборувавме со оперативниот директор на Кликни Јади, Роберт Тодоровски
Успешна приказна #5: Grouper.mk
Ви ја претставуваме петтата успешна приказна посветена на Grouper.mk – повеќе од 270.000 регистрирани корисници, 150.000+ инсталации на мобилната апликација и 3.600+ компании го прават Grouper.mk најголемата платформа за е-трговија во земјата и меѓу најголемите во регионот!
Grouper од неодамна стана дел од полската групација Asseco (ASEE). За досегашните предизвици и успеси, адаптацијата во време на глобалната пандемија и за тоа што носи иднината, разговаравме со Драгана Ѓокиќ, директор за продажба во Grouper.