Како да се регистрирам?

Почитувани корисници и љубители на е-трговијата,

Преку креирање на ваш сопствен профил на платформата eCommerce4All ќе имате пристап до сите содржини поврзани со регулативи, е-плаќање, достава, и сите останати важни компоненти кои се дел од е-трговијата. Во продолжение се неколкуте едноставни чекори за креирање на ваш профил:

ЧЕКОР 1

По отворање на платформата ecommerce4all.mk одберете ја опцијата „Регистрација” во горниот десен простор. 

ЧЕКОР 2

Откога ќе пристапите до формата за пополнување на страната за регистрација, пополнете ги полињата со следните информации: име, презиме, компанија, веб сајт, телефонски број, e-mail, корисничко име и лозинка кои би сакале да ги користите при најавa. 

По внесување на овие податоци, неопходно е да ја штиклирате опцијата се согласувате со Политиката за приватност на платформата која можете да ја прочитате кликнувајќи на приложениот линк.

Потоа кликнете на копчето „Регистрирај се“..

ЧЕКОР 3

На вашиот е-маил ќе пристигне порака со која ќе можете да ја валидирате вашата регистрација. 

По валидирање на вашата корисничка сметка ќе можете да ги користите сите услуги кои ги нуди eCommerce4All.